Фото: Министерство за здравство

Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција.

Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зона на преводница, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг.

За несреќата со брод за крстарење на Дунав синоќа во 22 часот била алармирана и итната помош, а на терен биле голем број спасувачи и полицајци, јави австриската агенција АПА.