Во нотата се вели дека Вашингтон смета дека прашањето за влегување на Косово во Советот на Европа не треба да биде ставено на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа – дознава „Еуроњуз Србија“ од дипломатски извори.
Како што наведуваат, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека „Косово не усвои поконструктивен став за Заедницата на српските општини (ЗСО), што би го отворило патот за предлогот, на основен договор меѓу Белград и Приштина“.
Порталот пишува и дека овој став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија.