Фото: пиксабеј

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Во четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во сабота ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието