(Фото: Принтскрин)

Косовската полиција денеска објави конкурс за регрутирање полицајци од „малцинствата“ во четири  општини во северниот дел од Косово.

Како што соопштија од полицијата, заинтересираните кандидати можат да се пријават од 5 до 26 јануари, објави косовскиот весник „Коха“.

На конкурсот можат да се пријават сите „припадници на малцинствата“ во Косово.

Србите од северот на Косово на почетокот на ноември ги напуштија косовските служби, вклучително и полицијата поради одлуката за регистерските таблички и Заедницата на српски општини (ЗСО).