Илустрација / Фото: kosovopolice.com

Приштина преку разни провокации ќе се обиде да предизвика конфликти на територијата на Косово и Метохија – изјави поранешниот претседател на Извршниот совет на Косово, Зоран Анѓелковиќ.

Тој за новинската агенција „Танјуг“ рече дека „целта на Приштина е Србија да ја претстави како Русија, а себеси како Украина“.

– Потребно е инцидентите да се претворат во конфликт или инцидентите да се претворат во 2004 година, кога на Косово се случи етичко чистење, што српската армија и претседателот на републиката не би го дозволиле – рече Анѓелковиќ.

Додаде дека единствениот начин Курти да избега од прифаќањето на француско-германскиот предлог и бриселскиот договор е ескалација на конфликтот.

Формирањето на Заедницата на српските општини, вели Анѓелковиќ, е ултиматум што Приштина мора да го прифати.

Коментирајќи ги најавените вонредни избори во Србија, тој рече дека не гледа оти тие би промениле нешто значително и дека нема потреба од избори во септември.