Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој денеска присуствуваше на полагањето свечена заклетва на новоизбраните членови на Претседателството на БиХ во Сараево, изјави дека патот на Босна и Херцеговина кон НАТО не постои и дека нема договорен став.
Коментирајќи ги пораките на хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Додик на Твитер напиша дека постои само соработка и , како што наведе, дека Комшиќ со неговото надмено однесување и еднострано истапување уште еднаш покажа каква ќе биде неговата политика и во иднина.
– Тоа е политика на лаги, подметнувања и срам за БиХ на меѓународно ниво – напиша Додик.
Досик кажа дека „сето тоа што Комшиќ го кажа во својот говор е целосна лага“ и затоа, како што наведе, ја напуштил конститутивната седница на Претседателството на БиХ додека тој говорел.
– Жељко Комшиќ не е избран од граѓаните и граѓанките, како што лажно тврди, туку е избран од дел од Федерацијата, и тоа не тој што требаше да биде – хрватскиот народ, како што налага Уставот на Босна и Херцеговина, туку од бошњачкиот народ – напиша Додик.