Фото: Архива

Илјадници косовски Срби денеска се собраа на митинг во северниот дел на Косовска Митровица, од каде ја обвинија ЕУ дека не го почитува Бриселскиот договор, чиј гарант е таа, и ги поддржаа сонародниците кои ги напуштат своите функции во институциите на Косово. во знак на протест против одлуката на владата во Приштина да ги пререгистрира регистарските таблички издадени во Србија.

На денешниот собир беше порачано дека Европската Унија и Брисел, како креатори и гаранти за спроведување на Бриселскиот договор од 2013 година, имаат целосна одговорност за тоа што овој документ не е доследно и целосно имплементиран, пред се во однос на обврските на Приштина во врска со формирањето на Заедница на српски општини (ЗСУ).

– Договорот од Брисел е уништен и стана мртва буква на хартија“, „Приштина ја плукна во лице Европската унија која е гарант на договорот“, „Денеска го браниме договорот што Приштина го потпиша, но не го признава“, „Приштина практично го откажува и договорот и меѓународното јавно право“, беа дел од пораките на десетина говорници од едночасовниот протест.

Нови тензии меѓу Белград и Приштина избија откако на 31 октомври на полноќ истече рокот што го постави косовската Влада за спроведување на одлуката за замена на регистарските таблички издадени во Србија, а кои ги користат Србите во Косово.