Фото: Илустрација/принтскрин

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, денеска изјави дека Приштина чека реакција на КФОР и отстранување на барикадите на северот на Косово и Метохија, кои ги поставија Србите. Во спротивно тие ќе да бидат отстранети од косовската полиција.

– Заради поголема стабилност, чекаме да го направат тие што ги поставија барикадите или КФОР, но чекањето заврши – рече Свечља на прес-конференција во Косовска Митровица, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека косовската полиција ги има сите потребни капацитети да ги отстрани барикадите.

Рече и дека барикадите ја изгубиле својата намена и дека, како што вели, Србија ги користи за да ги блокира таканаречените правни дејствија.

Свечља рече дека поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред неколку дена, сè уште е во полициската станица кај Јариње, дека неговата состојба е добра и дека се лекува соодветно.

Како што истакна, приоритет на приштинските власти е трансферот на Пантиќ во соодветен притвор, а за тоа, како што рече, побарале помош од меѓународните партнери.

Кога станува збор за барањето за ослободување на Пантиќ, Свечља рече дека тоа е неприфатливо за Приштина.