Фото: Макфакс

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на 11. Конгрес на Социјалистичката партија на Србија, зборуваше за актуелната ситуација на Косово. Тој пред присутните истакна дека мора да се работи на спасување на државата.

– Ви благодарам за големата поддршка, одлуката за поддршка на СПС ми помогна да победам во првиот круг. Ви благодарам за секој глас и се трудам да не ве разочарам. Ивица вели дека сака избори, јас не, но да беа добри, ќе ги имаше и Ватикан. Знаете, по секои избори Дачиќ и СПС се на власт, па ќе видиме кој ќе биде со нив – се пошегува Вучиќ, и додаде:

– И колку и да ни е добро, ќе се жалиме – изјави тој и истакна дека „денес не можете да привлечете внимание ако направите нешто убаво, туку важно е само да се напредува.

– Мора да ја спасиме државата, ќе успееме да ги зголемиме платите и пензиите, инвестициите, странските инвеститори, се е важно да ја спасиме државата. Тешко е последниве неколку дена, од запад велат дека Приштина застанала, а 15 часа пред тоа влегле со пушки и правеле секакви работи. Се лажеа таму, ги апсат полицајците, и како Србија лаже и покажува долги цевки. Нема странец кој не не поканил. Ајде, тие ја сакаат Србија на тацна, а ние никогаш нема да ви ја дадеме Србија – изјави Вучиќ.

Додаде дека на секои два часа добива некаков вид на безобразлук, како и дека луѓето се малтретирани и апсени.

– Мојата советничка се обидува да ми пренесе се, но јас и реков да им одговори на сите дека знаеме што прават и да ни дадат договор што го почитуваат, но немаат ниту еден, луѓето мора да знаат дека „не сме глупави – додаде тој.

Ги увери луѓето од Косово дека протерувањето никогаш повеќе нема да се повтори.

– Платите ни се повисоки од било кога, не се добри, но мора да работиме повеќе. Народот на Косово мора да знае дека 17 март никогаш повеќе нема да се повтори и никогаш нема да го оставиме нашиот народ на цедило – заклучи Вучиќ.