Официјалната веб-страница на бугарската влада била подложена на сајбер-напад, соопшти информативната служба.
Интернет-страницата на Советот на министри на Бугарија на интернет привремено е недостапна како резултат на кибер-напад, се наведува во соопштението.
Властите во Софија соопштија дека се преземени неопходните активности за неутрализирање на нападот и враќање на пристапот до сајтот.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, засега не е познат сторителот на нападот.