Фото: Принтскрин

Пред зградата на општина Звечан нешто пред 7 часот утринава пристигнаа голем број граѓани и нивниот број постојано се зголемува. Десетици од насобраните стојат во близина на Домот на културата, заедно со оградата засилена со жица што вчера во близина ја поставија припадниците на КФОР. Ситуацијата во моментов е мирна, пренесува Коссев.

Со граѓаните утрово се и лидерите на Српската листа Игор Симиќ, Горан Ракиќ, како и Александар Спириќ. Таму и денеска е лидерот на ГИ српски Опстанак, Александар Арсенијевиќ.

Од друга страна, полските припадници на КФОР ја зајакнуваат бодликавата жица што ја поставија вчера.

За разлика од понеделникот, денеска на овој протест може да се забележат голем број жени, а болничките работници се облечени во бели мантили и униформи за брза помош. Во исто време, денес нема лица со маски.

Од друга страна, припадниците на КФОР ја зајакнуваат бодликавата жица што ја поставија вчера, пренесува медиумот.

Војници со штитови стојат и на крстосницата – спроти самата општина.

За разлика од претходните денови, денеска граѓаните се пооддалечени од припадниците на КФОР.