Паника во Хрвтаска откако средно училиште било евакуирано поради дојава за бомба, јавуваат хрватските медиуми.

Според нив, младо момче околу 12 часот влегло во средното стручно училиште „Сисак“ со закана за поставена бомба.

Според непотврдени информации на хрватските медиуми, станува збор за помлад човек, син на воен ветеран кој го барал жупанот Иво Шиниќ.

Училиштето било евакуирано, а младиот човек кој се заканувал се забарикадирал во него. После драмата која траела околу еден час, младото момче и се предало на полицијата.

По заканата, полицијата го опколила училиштето, а на лице место излегол министерот за одбрана, Томо Медвед.

На местото на настанот бил испратен и преговарач од антитерористички оддел .

Директорот на стручното училиште во Сисак, Ивица Белоглавец, за локалните медиуми изјави дека поради новонастанатата ситуација нема да има смена на пладне.

Хрватските медиуми потсетуваат дека слична драма се одвиваше и во Загреб, каде што една жена се закануваше со бомби во зградата во која живее поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.