Фото: Борел/Твитер

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека дипломатијата преовлада во деескалацијата во северно Косово, откако денеска беа отстранети барикадите кај контролниот пункт Рударе во северно Косово.

– Дипломатијата преовлада во деескалацијата на тензиите во северно Косово. Насилството никогаш не може да биде решение. Го поздравувам одговорното раководство на претседателот Вучиќ и премиерот Курти. Одлична тимска работа на ЕУ, САД и КФОР. Благодарност до сите што беа вклучени! Сега ни треба итен напредок во дијалогот – напиша Борел на Твитер.