Фото: Принтскрин

По најавата на Приштина дека од утре ќе почне примената на одлуката за пререгистрација на возила и лични карти, граѓани од северот на Косово на неколку локации во северно Косово поставиле барикади, јави Н1.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, за порталот Косев потврдил дека има блокада во Зубин Поток кај Вараге и во Рударе.

– Имаше блокада на патот во Зубин Поток кај Вараге и во Рударе. Наводно се раширила лажна вест дека општината ќе биде блокирана од специјални единици, што апсолутно не е точно и нема таква намера – изјави Бесим Хоти за Косев.

Косовската полиција соопшти дека премините Јариње и Брњак се затворени за патнички сообраќај и возила поради блокади на патиштата во правец на овие премини. Се известуваат сите граѓани да користат други гранични премини за сообраќај“, се вели во соопштението објавено на официјалната Фејсбук страница на полицијата.

 

Читатели Н1 од северот на Косово претходно за Н1 изјавија дека граѓаните се собираат кај крстот во селото Рударе во општина Звечан.

Претходно сирени се огласија во северниот дел на Косовска Митровица. Во меѓувреме сирени се слушнале и во Зубина Поток.

КФОР соопшти дека „ја следи ситуацијата и собира податоци“.

– Во врска со сирените за тревога кои непрекинато се слушаат во северниот дел на Косовска Митровица, КФОР ја следи ситуацијата и моментално собира информации – соопштија од штабот на КФОР.

Новинарката од Косовска Митровица, Ана Марија Ивковиќ, изјави дека косовската полиција официјално потврдила дека граѓаните поставиле барикади на две места кај Вараге и во Рударе. На тие места блокирани се патишта и има граѓани и механизација, а засега состојбата е мирна, пренесува МИА.

Курти тврди дека нема опасност од дестабилизација во Косово

Ивковиќ за Н1 рече дека никој не може со сигурност да каже која е причината за сирените кои сè уште се слушаат.

Ако не сакаат да го сочуваат мирот, ви велам – Србија ќе победи, рече Вучиќ