Љупка Аврамовиќ / Фото: Коњичка федерација

Љупка Аврамовиќ со грлото „Колпо Гросо“ од клубот Бравадос освои две први места на третиот „Јулски турнир“ и четвртото коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување на пречки со коњи за 2022 година, што се одржа денеска на теренот на скопскиот коњички клуб Бравадос, кој се наоѓа во Волково. Таа триумфираше во класите А и Б со височина на пречките од 1,1–1,2 м, односно 1,15-1,30 м. На програмата беа пет натпревари во прескокнување пречки и тоа во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0,80 до 1,15/1,25 метар.

Во класата Д (0,8-0,9 м), победи Ева Димитриевска со грлото „Ерос“ од клубот, пред Лиа Каев со грлото „Нур“ од клубот Анималс, а трет беше Паоло Маркез со грлото „Каумбос“ од клубот Бравадос.

Во класата Ц (0,90- 1,10 м), првото место го поделија Леонида Гроздановска со грлото „Џилдан“ од клубот .Анималс и Лиа Каев со грлото „Нур“ од клубот Анималс. Во класата Б втор беше Петар Милошевски со грлпто „Надја“ од клубот Бравадс, а третото место го освои Меланија Атанасовска со грлото „Фарам РБ“ од клубот Илинден. Во класата А, втор беше Самир Реџепи со грлото „Коку“ од клубот Бравадос, а трета Меланија Атанасовска со грлото „Фарам РБ“ од клубот Илинден. Во класата дебитанти (0,6-0,70 м.), сите што го апсолвираа паркурот без казнени поени го делат 1-то место, а тоа се Калина Колевска со грлото „Прешес“ од клубот Анималс и Кристина Автивска со грлото „Војводка“ од клубот Анималс.

Вчера пак, Клубот Анималс од Скопје на теренот на клубот во населбата Дрма го одржа вториот Јулски турнир и второто коло од Првенството на Македонија во дресурно јавање. На прогрмата беа три натпревари во категоријата А, категоријата М и во категоријата ЛМ со избор на слободна програма и музика во траење од 3-4 минути.

Во категоријата јуниори победи Леонида Гроздановска со грлото „Џилдан“, а втора беше Сандра Маслинко со грлото „Војвотка“. Во категоријата деца, славеше Лиа Кајев со грлото „Нур“, пред Калина Колевска со грлото „Прешес“ и Нина Митрева со грлото „Канца“. Во категоријата пони, победи Ева Крстовска со грлото „Доктор Ди“, сите од клубот Анималс.

Г.И.