Николовски (лево) победи, а Лазов ремизираше

Македонската машка и женска шаховска репрезентација со идентични 3-1 ги остварија вторите победи во третото коло на 44. Шаховска олипијада (ШО), која до 10 август се игра во индискиот град Ченаи во 11 кола. Шахистите, рангирани 61-ви пред почетокот (2.389 просечен рејтинг), од 187 селекции со вкупно 937 шахисти (од тоа 235 велемајстори), во денешното коло, беа поуспешни од објективно послабата Шри Ланка, рангирана 112-та (2.086) со 3-1. Шахистките, рангирани 71-ви (1.863) од 161 репрезентации со 798 натпреварувачки (15 ВМ), славеа исто така против понеквалитетната Етиопија, рангирана 113-та (1.457), а дебитантс победа на ШО оствари 14-годишната Моника Жежовска на четвртата табла. Кај мажите цел поен впишаа ВМ Звонко Станојоски и ИМ Никола Николовски, а ремизираа ФМ Емил Ристески и ИМ Тони Лазов, кај девојките  пак, единствено ЖФМ Моника Стојковска загуби играјќи на првата табла, останатите освоија по цел поен.

По третото коло машката селекција на Македонија е на делба на 79-81. место (80-то според дополнителниот критериум) со четири екипни бода (седум поени по табли), додека женската селекција е на делба на 72-75. место (73-то според дополнителниот критериум) исто така со четири екипни бода (седум поени по табли). Кај мажите засега 20 селекции имаат по максимални три победи, а кај жените 19.

Во четвртото коло на ШО, кое се игра утре, шахистите ќе ги одмерат силите против силната Чешка рангирана 18-та (2.608 просечен рејтинг), а шахистките со Турција, рангирана 41-ва (2.153). Кај мажите засега 20 селекции имаат по максимални три победи, а кај жените 19.

МАКЕДОНИЈА – ШРИ ЛАНКА  3-1

ВМ Звонко Станојоски (2.412) – ФМ Исуру Алахакон (2.000) 1-0 (60 потези)

ФМ Емил Ристески (2.405) – ФМ Ранинду Лијанаге (2.286) реми (34)

ИМ Тони Лазов (2.374) – ФМ Де Силва (2.212) реми (32)

ИМ Никола Николовски (2.366) – Мохамед Набил (1.845) 1-0 (38)

ЕТИОПИЈА – МАКЕДОНИЈА  1-3

Лидет Хаиле (1.624) – ЖФМ Моника Стојковска (2.091)  1-0 (40)

Алстет Бантивалу (1.425) – Ивана Манова (1.849)  0-1 (61)

Хана Ајеле (1.437) – Драгана Николовска (1.876)  0-1 (31)

Селемавит Меконен (1.263) – Моника Жежовска (1.588)  0-1 (28)

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ, ТРЕТО КОЛО (МАЖИ)

Индија (1) – Грција 3-1, Грузија – САД 1-3, Италија – Норвешка 3-1, Шпанија – Бразил 3-1, Австралија – Полска 1,5-2,5 Азербејџан – Аргентина 3-1, Шведска – Холандија 0-4, Украина – Куба 2-2, Австрија – Германија 2,5-1,5, Англија – Литванија 2,5-1,5 итн.

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ, ТРЕТО КОЛО (ЖЕНИ)

Англија – Индија (1) 1-3, Украина – Словачка 4-0, Чешка – Грузија 1,5-2,5, Полска – Виетнам 3-1, Италија – Франција 1-3, Азербејџан – Грција 2,5-1,5, Монголија – САД 3-1, Германија – Швајцарија 3-1, Естонија – Ерменија 2,5-1,5, Казахстан – Перу 3-1.

Г.И.