Албанската полиција ги повика граѓаните да достават информации поврзани со пукањето врз телевизијата Топ чанел во Тирана, при што беше убиен 60-годишниот чувар, Пал Кола.
– Полицијата нуди награда од 100.000 евра за секоја вредна информација која би довела до откривање на сторителите – јави Топ чанел.
Управата на полицијата во Тирана објави детали од истрагата за случајот.
Според официјалните информации од албанската полиција, констатирани се оштетувања на фасадата на зградата во која е сместена телевизијата Топ чанел, како и на два автомобила паркирани во дворот на објектот.
Возилото на сторителите беше снимено од безбедносните камери во околината, а е пронајдено запалено во близина на Голем, во кое биле и три автоматски пушки.