Шест лица, од кои три деца, загинаа, а десетмина други се повредени утрово во сообраќајна несреќа што се случи во близина на грчкиот град Кавала.

Според грчките медиуми, станува збор за илегални мигранти, веројатно од Иран, кои се превезувале со комбе во кое се наоѓале 16 лица.

Од засега непознати причини, комбето излетало од патот, се одбило од заштитниот ѕид и удрило во карпите крај автопатот.

Меѓу шесттемина загинати има и 3 деца, а од 10-те повредени лица, три се здобиле со потешки повреди.

Повредените се пренесени во болницата во Кавала, а полицијата работи на откривање на причината за сообраќајната несреќа.