Хрватска

Во Хрватска во изминатите 24 часа беа регистрирани рекордни 3.603 новозаразени и 56 мртви од ковид-19. Бројот на активни случаи изнесува 20.691, а 45.518 лица се во самоизолација, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Најстрогите епидемиолошки мерки од пролетното затворање ќе бидат воведени во Хрватска и тие главно ќе се однесуваат на угостителството, образованието, културата, транспортот и спортот. Новите построги мерки ќе се применат од денеска или за викендот, а би биле во сила до Божиќ.
Постои голема веројатност за затворање на сите угостителски објекти, како и на целосно преминување на средните училишта на онлајн настава.
Во случај на затворање на угостителските објекти, од нивните здруженија бараат државата да им покрие 75 отсто од минатогодишните приходи за тековниот месец. Се разгледува и мерката за ограничување на бројот на патници во превозот.