Турската полиција денеска притворила 47 лица обвинети дека се соработници на Фетула Ѓулен, организаторот на државниот удар од 2016 година.

Според Си-Ен-Ен Турк, акцијата била извршена во градот Конја, но биле апсени лица и во 30-ина други области. Апсењата доаѓаат пред утрешните избори, на кои се бира претседател и нов состав на Собранието. Во вторникот беа уапсени уште 124 осомничени „ѓуленисти“.

Ѓулен дејствува од САД, каде живее со децении, а американските власти засега ги одбиваат турските барања за негова екстрадиција. Над 50.000 лица се обвинети и притворени за поврзаност со државниот удар.