Пратеник бил нападнат утринава пред српското Собрание. Како што пренесуваат локалните медиуми, претседателот на НСС, Маријан Ристиќевиќ, при влегување во Собранието вербално бил нападнат од претседателот на Двери, Бошко Обрадовиќ, по што дошло до хаос, меѓусебни навреди и туркање.

Пратеникот Маријан Ристиќевиќ бил снимен како излегува од метежот без палто, а кошулата му била искината.

До инцидентот дошло кога Обрадовиќ и уште неколку пратеници и симпатизери на движењето ги блокирале скалите на влезот во собранието.

По Ристиќевиќ, Обрадовиќ се судрил и со министерот за здравство, Златибор Лончар, кој, исто така, доаѓал на седница во парламентот.

Обрадовиќ и приврзаниците на Двери носеле транспаренти „Долу влада“, „Дали короната зависи од изборите“, „Не може Ѓурѓовден, ама избори може“.