Српскиот патријарх Порфириј ќе биде во изолација во наредните денови.

Мерката е превентивна, а следува по консултација со лекари, соопштија денеска од неговиот кабинет.

– Патријархот претходните денови бил во контакт со свештеник за кој подоцна се покажало дека има лесна и асимптоматска форма на ковид-19 – соопшти Српската православна црква.