Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, прогласи победа на парламентарните избори одржани завчера и ги повика приврзаниците да се соберат вечерва за да ја прослават победата на плоштадот Скендербег во Тирана.

Рама изјави дека шампионите на тимовите на покровители, координатори, лидери, пратеници ќе се соберат на плоштадот Скендербег во 18 часот, и кој сака да им се придружи во прославата на победата на изборите.

Според досегашните резултати, владејачката Социјалистичка партија освои 73 места, што значи дека го обезбеди мнозинството што е потребно за парламентот и формирање на владата во следните четири години, пренесува „Јуроњуз Албанија“.

Околу 3,6 милиони гласачи, 2,8 милиони албански државјани и 800.000 Албанци од странство во неделата гласаа за 140 пратеници, кои ќе ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години.