Даниел Митов (лево) и Румен Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Даниел Митов, кандидатот за премиер номиниран од ГЕРБ (има 75 пратеници), откако вчера имаше консултации со политичките партии и парламентарни групи.

На средбите не присуствуваа премиерот во заминување Бојко Борисов и Слави Трифонов од партијата Има таков народ, кој е во изолација поради коронавирус.