Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин, кој го пренесе предлогот на претседателот Владимир Путин да ја посети Србија во јануари.

-Вучиќ на средбата изјави дека е чест за Србија повторно да биде домаќин на претседателот Путин и дека Белград ќе ги покаже сите широчини на српското гостопримство, информираше Службата на српскиот председател за соработка со медиумите.

„Со амбасадорот Чепурин договорено е веднаш да започнат подготовките за доаѓањето на рускиот претседател во Белград, така што посетата ќе го потврди традиционалното пријателство на двете земји и братството на двете нации. Најавено е дека наскоро ќе се одржи седница на Мешовитиот меѓувладин комитет за соработка, со цел да се подготват конкретните заеднички проекти во областа на економската соработка и во интерес на зголемување на трговската размена меѓу Србија и Русија и нивниот економски напредок“, се наведува во соопштението.