Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска ќе пристигне во Дубровник како највисок функционер на американската администрација што ја посетил Хрватска откако Доналд Трамп е во Белата куќа. Се очекува тој да соопшти дека по 30 години на хрватските граѓани повеќе нема да им требаат визи за влез во САД, пренесува „Индекс.хр“.

Државниот секретар на САД утре треба да се сретне со хрватскиот премиер и со министерот за надворешни работи во Дубровник.

„Откако прашањето за визи за хрватските граѓани кои влегуваат во САД не е решено три децении, Помпео може да објави во Дубровник дека Хрватска го исполнила условот за нивно укинување“, пишува хрватскиот портал.

Покрај Хрватска, единствените членки на ЕУ чии граѓани мора да имаат виза за влез во САД се Романија, Бугарија и Кипар. Полска минатата година беше исклучена од тој режим.