Пожарот на грчкиот остров Евија е ставен под контрола, а главната битка со огнот се пресели на полуостровот Пелопонез, каде што се евакуирани дваесет села.

За помалку од две недели, во Грција се уништени повеќе од 100.000 хектари шума во најголемите пожари од 1937 година.

Локалното население на Пелопонез се бори со пожарот заедно со пожарникарите со цел да ги заштитат куќите.

Во гаснењето на пожарот се вклучени хеликоптери и авиони.

На островот Евија, каде што пожарите беа најголеми, локалните жители стравуваат од што ќе живеат бидејќи пожарот, покрај боровата шума, го проголта и добитокот.