Крајбрежната стража во Турција соопшти дека Босфорскиот Теснец, една од најфреквентните поморски рути во светот, е блокирана поради проблеми на еден танкер.

Крајбрежната стража извести дека е пријавен дефект на танкерот кој превезувал сончогледово масло, а екипи веќе се испратени на местото на настанот.

Сличен инцидент се случи и минатата недела, кога навигацијата беше блокирана еден час.

Босфорот во Истанбул ги поврзува Црното Море со Мраморното Море, додека преминот Дарданели го поврзува со Егејското и Средоземното Море.