Европската Унија покажа дека не е подготвена да се избори со епидемијата на коронавирус, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на состанокот на бугарскиот Совет за безбедност.

– Ниедна од членките на ЕУ не поседува доволна резерва од маски, заштитна облека, аспиратори, респиратори, навлаки за обувки, ракавици. Ниедна – зашто никој не можеше да предвиди ваков развој на ситуацијата. За среќа, Бугарија има соодветна индустрија: секој ден се произведуваат 4.000-5.000 метри ткаенина која успешно ги поминува тестирањата – изјави бугарскиот премиер.

Борисов нагласи дека Бугарија ќе се избори со последиците од епидемијата.

– Што се не преживеавме, ќе го преживееме и ова. Паника, хистерија, купување продукти… Храна има. Во Бугарија и во Европа има храна – конзервирани производи, леб, брашно, резервите се огромни – изјави тој.

Во Бугарија во моментот се забележани шест случаи на зараза: два во Софија, два во Плевен и два во Габрово. Пациентката во Софија е во критична состојба, додека состојбата на нејзиниот сопруг се влошува.