Американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАЦ) санкционираше тројца бугарски државјани поради обвиненија за корупција во Бугарија, пренесува „Еурактив“ во веста насловена „САД ја чистат бугарската мафија“.
Ваквиот потег во рамки на глобалниот акт Магнитски целеше кон 65 лица и деловни субјекти, како што соопшти ОФАЦ.
Бугарските аналитичари ги оценија акциите на САД како „удар против мафијата во Бугарија“ и удар врз државниот јавен обвинител.
Лидерот на партијата Демократска Бугарија, Христо Иванов, ги нарече американските санкции „голем и правовремен подарок за Бугарија“.