Европската комисија соопшти дека е донесена одлука рестрикциите за извоз на заштитни маски, од 26 април да не важат повеќе за земјите од Западен Балкан. Ова доаѓа откако Европската комисија дозволи, почнувајќи од 26 април, компании од ЕУ да извезуваат заштитна медицинска опрема во Македонија и Западен Балкан, без да бараат дозвола.
Новата регулатива е предвидено да се применува за ограничен период од 30 дена (од 26 април 2020 година) и опфаќа една единствена категорија на производи – заштитни маски. Комисијата смета дека ова е единствената преостаната категорија, каде што е неопходно овластување за извоз, за да се обезбеди соодветно снабдување за да се заштити здравјето на Европејците.
Новата шема предлага некои измени во однос на нејзиниот географски обем. Покрај претходно постојните исклучоци, таа ги ослободува од авторизација за извоз земјите од Западен Балкан, кои се вклучени во процес на длабока интеграција со Унијата, како и Гибралтар и територии на земјите-членки исклучени од царинската унија на ЕУ.
Во духот на меѓународната солидарност, новата шема сега експлицитно бара од земјите-членки да одобрат извоз на снабдување со итни случаи во контекст на хуманитарна помош и да ги процесираат релевантните апликации на брз начин.
Шемата за овластување за извоз е дел од мерките преземени од ЕУ за решавање на епидемиолошката криза предизвикана од коронавирусот, се вели во соопштението на ЕК.