Бугарската влада го одобри планот за почеток на преговорите за купување на борбени авиони „Локид Мартин Ф-16“ од САД, за да ја замени застарената воздухопловна флота составена од руски ловци „Миг-29“, изјави министерот за одбрана Красимир Каракачанов.
– Владата му предложи на парламентот да ѝ дозволи да почне преговори со САД за набавка на нови воени авиони – рече Каракачанов, пренесува Ројтерс.
Неодамна Хрватска, која планираше да набави воени авиони Ф-16 од Израел, беше блокирана од страна на САД, кои не дозволуваат земјите да купуваат нивни авиони од трета страна без нивно одобрение.