Фото: Бела куќа/Фликр

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради воената операција што ја започна во Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако почна воениот конфликт.

– Тој е воен злосторник – изјави Бајден пред новинарите во обраќањето во Белата куќа. Тој, исто така, го обвини рускиот претседател за „силно уништување во Украина“, бомбардирање згради, породилишта и болници.

Претходно, Бајден најави дополнителна воена помош за Украина во износ од 800 милиони долари, која меѓу другото вклучува беспилотни летала, системи за противвоздушна одбрана „Стингер“, автоматски пушки, минофрлачи и муниција.

– Ќе ѝ дадеме на Украина оружје за борба и одбрана во тешките денови што претстојат – рече Бајден.

Потоа прес-секретарката Џен Псаки рече дека „забелешките на претседателот зборуваат сами за себе“,

Таа нагласи дека Бајден „зборува од срце“.