Фото: МИА

Рекордни 22 тони кокаин се запленети во воена операција во Еквадор – соопштија еквадорските власти.

Војската соопшти дека дрогата, која била дистрибуирана во 733 големи пакувања, најверојатно била наменета за Азија, Европа и Америка.

Подготовката за операцијата против организираниот криминал траеше шест месеци, што вклучуваше планирање и следење на картелот – се додава во соопштението.