Фото: Маја Јаневска Илиева

Веднаш по донесување на одлука на седницата на Советот на Град Скопје, синдикалците на ЈСП најавија состанок на којшто се одлучуваше дали автобусите ќе сообраќаат уште вечерва, или во текот на утрешниот ден.

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

На координативниот состанок на синдикалците одлучено било работниците да се вратат на работа уште веднаш, па така граѓаните на Скопје ќе може да го користат услугите на јавниот автобускиот превоз и вечерва.

За потсетување, утрово од 9 и 40 часот вработените во јавното сообраќајно претпријатие стапија во штрајк, а одржаа и протест пред бараките на Советот на Град Скопје. Пред да биде донесена одлука за префрлање на субвенциите од 11 милиони евра на претпријатието, претходеа две вонредни седници на Советот на градот.