Фото: Пиксабеј

Командата за воена опрема на Соединетите Американски Држави ја приземји целата своја флота од хеликоптери Чинук поради опасност од пожар на моторот.
Повикувајќи се на изјавите на американските воени претставници, „Вол стрит журнал“ објави дека речиси 400 хеликоптери Боинг ЦХ-47 Чинук се приземјени и дека овој потег уследи откако неодамна се случија неколку пожари на моторот во некои од авионите.
Хеликоптерите Чинук се главен производ на американската војска од 1960-тите и главно се користат за логистички цели.
Портпаролката на американската војска за „Вол стрит журнал“ изјави дека војската презема чекори за решавање на проблемот.