Масовна евакуација беше спроведена во централен Берлин, со цел експертите да можат да деактивираат бомба од Втората светска војна, пренесува Би-би-си. Во евакуацијата беа опфатени околу 10 илјади луѓе, односно бројни домови, министерства и музеи.

Се верува дека експлозивната направа тешка 500 килограми, е од британско производство, а таа беше пронајдена во текот на градежни работи во „Хајдештрасе“. Полицијата објави фотографија од експлозивната направа на Твитер, нарекувајќи ја „изворот на сето зло“.

Евакуирани се објекти на оддалеченост од 800 метри од местото на кое беше пронајдена бомбата. Делумно затворени беа и универзитетската болница „Шарите“, како и воената болница во Берлин.

Евакуацијата ќе влијае и врз железничкиот сообраќај во подрачјето на градот.

Годишно се пронаоѓаат илјадници неексплодирани бомби од Втората светска војна. Претходно, беше пронајдена бомба во Берлин минатата среда.