Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе прогласи вонредна состојба за да обезбеди финансиски средства за ѕидот на границата на САД и Мексико, без одобрување на Конгресот.

– Имам апсолутно право да прогласам вонредна состојба, истакна Трамп.

Тој вчера ја посети патролната станица на границата во Макалена во Тексас, при што посочи дека доколку Конгресот не одобри финансиски средства за изградба на ѕидот „најверојатно, речиси би кажал дефинитивно“ би прогласил вонредна состојба.

Трамп одбива да го потпише законот за финансирање и повторно отворање на Владата доколку тоа не вклучува 5,7 милијарди долари за поставување физички бариери долж границата помеѓу САД и Мексико.

Делумната блокада на работата на Владата трае веќе 21 ден поради што околу 80.000 федерални слижбеници не примаат плата.