Истрагата за сексуална злоупотреба во француската католичка црква откри дека од 1950 година околу 216.000 деца биле злоупотребувани од свештенството, изјави шефот на независната истрага за злоупотреба, Жан-Марк Сува.

Скандалот во Франција е последен во низата од оние што ја погодија Римокатоличката црква ширум светот во последните 20 години. Во повеќето случаи, тоа е злоупотреба на деца.

За време на јавната презентација на интернет, Суве рече дека проблемот сè уште постои, истакнувајќи дека до 2000-те, црквата покажувала целосна незаинтересираност за жртвите.

Папата Франциск со тага ја прими информацијата за содржината на истрагата за сексуална злоупотреба во Католичката црква во Франција, се наведува во денешното соопштение на Ватикан.

– Пред сè, неговите мисли се со жртвите поради нивните рани – се вели во соопштението и се додава дека папата, исто така, се чувствува благодарен за храброста што ја покажале во изразувањето на она што го поминале, пренесува „Ројтерс“.

– Неговите мисли се исто така со црквата на Франција, така што, во свесноста за оваа страшна реалност … може да започне патот на искупување – се додава во соопштението.