Научниците Шјукуро Манабе, Клаус Хаселман и Џорџо Паризи се добитниците на Нобеловата награда за физика во 2021 година за нивниот „револуционерен придонес во разбирањето на сложените физички системи“, објави Шведската кралска академија на науките.

Манабе (90) е американски државјанин, Паризи е Италијанец, а Хаселман е Германец.

Името на добитникот на наградата за хемија ќе биде објавено утре, на наградата за литература задутре, а за мир в петок. Наградата за економија ќе биде објавена в понеделник, завршувајќи го годинашниот циклус.