Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис синоќа во Загреб изјави дека Хрватска е „докажан американски сојузник“ и вети помош во модернизацијата на хрватската армија.

Матис на средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нагласи дека е задоволен што повторно е во земја „која е докажана американска сојузничка и која има респектабилна војска“.

Тој ги пофали одлуките на хрватскиот државен врв за набавката на нова воена опрема и вети помош за понатамошната модернизација на хрватската армија.

Пленковиќ изрази задоволство од „одличните и пријателски односи помеѓу Хрватска и САД.

Матис вчера допатува во Загреб по Самитот на НАТО во Брисел.