Руски борбени авиони „Су-27“ пресретнаа американски бомбардери „Б-52Х“ и шпионски авион над Балтичкото Море, соопшти руското Миниистерство за одбрана.

Силите за брзо реагирање ги предупредија силите за противвоздушна одбрана на Западниот воен дистрикт, кој благовремено ја откри операцијата на бомбаредот „Б-52Х“ на американските воздухопловни сили и набљудувачки авиони на странски држави над неутралните води на Балтичкото Море по што ги пресретнале руски борбени авиони, се наведува во соопштението, што го пренесе ТАСС.

На значителна оддалеченост од руската државна граница авионите на странски држави континуирано ги следеле руските радарски станици, се додава во соопштението.