Идентификувано е местото на падот на рускиот авион Ан-26, кој летал од Петропавловск-Камчатски, кон населбата Палана и со кој врската е изгубена пред слетувањето.

Се претпоставува дека авионот паднал во морето, изјави претставникот на службата за итни случаи за агенцијата, пренесе РИА Новости.

Сите расположиви спасувачки единици од регионот, хеликоптери и армијата веднаш се испратени на местото на падот. Исто така, подморница на руската морнарица се упати кон местото на несреќата.

На местото на настанот времето било лошо, облачно и магливо.

Според обвинителството, на летот меѓу Петропавловск Камчатски и Палана имало 29 лица – 23 патници и шест члена на екипажот. Исчезнатиот „ан-26“ е произведен во 1982 година, а неговиот сертификат истекувал на 30 август годинава.

Според службите за итни случаи, авионот бил технички исправен пред полетувањето.