Италијанскиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ќе ги собере националистите од цела Европа на плоштадот Дуомо во Милано, во обид да ја обедини силите на европската десница пред Европските избори, пренесува „Гардијан“.

Постои значително зголемување на националистичките и популистите партии во многу различни делови на Европа. Од селата во Нормандија до унгарските рамнини, тие ќе влезат на Европските избори со слични пораки за заканите за националниот идентитет, опасноста од миграцијата и повторно засилување на националниот суверенитет.

Но, и покрај сите заднички гледишта, останува едно прашање за кое десничарите се поделени, а тоа е Русија.

За голем број националисти и десничарски парии, поддршката за Русија е природна нуспојава на антиамериканизмот и антиевропската реторика. Многумина исто така го поддржуваат фокусот на Кремељ кон традиционалните вредности и грешно му веруваат на Путин дека е етнонационалистички лидер. Постојат и некои сугестии за тајна поддршка од Русија, како и финансирање од нивна страна за некои вакви десничарски партии.

Салвини го поддржа Путин, носејќи маица со неговиот лик за време на една седница на Европскиот Парламент. Марин Ле Пен, која ја вклучи нејзината партија во десничарскиот блок на Салвини, рече дека анексијата на Крим од страна на Русија е легитимна. Нејзината партија доби неколку позајмици од руска банка. Непосредно пред претседателските избори во Франција во 2017 година, таа се сретна со Путин во Кремљ.

За другите националисти, особено за оние од Скандинавија и балтичките земји, Русија е стратешка закана која мора агресивно да се одбие.

Можеби најголемиот бројка на пратеници-десничари кои најверојатно ќе останат надвор од формалната алијасна на Салвини, главно поради загриженост околу Русија, се оние од полската партија на власт.