Претседателот Владимир Путин ѝ нареди на водечката агенција за контраразузнавање, Федералната служба за безбедност, да ја зајакне борбата против, како што рече, обидите на Западот да ја дестабилизира Русија.

На состанокот со највисоките претставници на Федералната служба за безбедност, Путин укажа на т.н. политика на ограничување во Русија, што, од друга страна, значи „спречување на развојот на Русија, создавање проблеми по должината на границите, предизвикување внатрешна нестабилност и поткопување на вредностите што го обединуваат руското општество“.

Путин не ги спомена протестите за апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, но ги нападна оние во Русија што наводно им служат на странските интереси.

– Неопходно е да се постави граница помеѓу политичката конкуренциј, конкуренцијата помеѓу политичките партии, идеолошките платформи, разните ставови за развојот на земјата и активностите во служба на странските интереси, кои немаат никаква врска со демократијата и имаат цел да ги нарушат стабилноста и безбедноста на нашата земја – рече Путин.

Претседателот ја истакна потребата Федералната служба да ги заштити од провокации парламентарните избори закажани за септември.

Тој ја поздрави работата на службата за спречување на активностите на странски шпиони велејќи дека биле откриени 72 и 423 нивни информатори.