Најмалку три лица се повредени, меѓу кои и полицаец, при пукање пред Пентагон, јавуваат американските медиуми.

Зградата на Пентагон денеска беше блокирана, а на ниту еден од вработените не им било дозволено да излезат, откако се случило пукање на блиската автобуска станица, објави Агенцијата за воена заштита на Твитер.

Пукањето се случило пред зградата, на градска автобуска станица, која е главниот влез за илјадници вработени во Пентагон, пренесуваат американските медиуми. Две лица се тешко повредени, јавија дел од медиумите.

Возовите од метрото добиле наредба да го заобиколуваат Пентагон поради полициската истрага.

Итните служби се на местото  на настанот, а повеќе детали засега не се познати.