Во претставничкиот дом во САД денеска или утре ќе се гласа за резолуција со која од потпретседателот Мајк Пенс ќе се бара да се повика на амандманот 25.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси најави дека оваа недела во долниот дом на Конгресот најпрво ќе се гласа за резолуцијата со која Пенс и американската влада ќе се повикаат да го сменат претседателот Трамп, пред да се покрене постапката за отповикување (импичмент).

Амандманот 25 од американскиот Устав му овозможува на потпретседателор и членовите на американската влада да го сменат претседателот, доколку е неспособен да ги извршува своите претседателски должности.

Како што најави Пелоси, потоа во Претставничкиот дом ќе биде покренета постапка за отповикување на Трамп, пренесе Ројтерс.

Досега 210 пратеници, што е речиси мнозинство во долниот дом на Конгресот, ја поддржале постапката за отповикување на Доналд Трамп.