Во американската сојузна држава Висконсин полицијата реагирајќи на повик за семејно насилство, пукала во еден Афроамериканец, кој е тешко ранет и е во животна опасност.

Ранетиот маж во болница го пренесла полицијата. Инцидентот се случил синоќа, а набрзо на местото на настанот се собрале група граѓани кои започнале да прптестираат, при што избиле нереди во градот.

Полицијата засега не објаснува зошто полицајците пукале, а инцидентот ќе го истражува министерството за правосудство.

Во САД ова лето се случија голем број протести поради полициската бруталност и расизам по трагичната смрт на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој почина поради брутално полициско апсење.