Италијанката, Силвија Романо, која беше киднапирана во Кенија пред две години е ослободена и се очекува денеска да се врати дома, соопшти италијанската Влада.

– Им благодарам на мажите и жените од странската разузнавачка служба. Силвија, ве чекаме во Италија – напиша премиерот Џузепе Конте на социјалните мрежи.

Романо била пронајдена во Сомалија и е ослободена благодарение на странската разузнавачка агенција.

Таа беше киднапирана во ноември 2018 година во северна Кенија од страна на вооружени напаѓачи додека работеше за италијанска добротворна организација. Ниту една група не ја презеде одговорноста за киднапирањето.