Светот во една слика

Работите на мостот со најдолг распон на светот, кој ќе поминува над морскиот теснец Дарданели во Турција, се одвиваат со засилена динамика, за да може да биде завршен пролетта 2022 година. Висечкиот мост го носи името „1915 Чанаккале“ и ќе биде долг 3.563 метри. Тоа што го одвојува од другите најголеми висечки мостови во светот е што најголемиот распон е во должина од 2.023 метри. Турскиот мост ќе го надмине јапонскиот „Акаши Каикио“, кој има најголем распон во светот. Патничките и железничките премини ќе бидат високи 318 метри.
Мостот кај Чанаккале е именуван според битката за Галиполе од Првата светска војна. Тој ќе ги поврзува Азија и Европа на местото на кое се наоѓа, 200 километри јужно од Истанбул. Изградбата ќе чини три милијарди американски долари. Мостарината би чинела околу 15 евра плус ДДВ.